Дома Фудбал Уште една голема ѕвезда пристигна кај Роналдо

Уште една голема ѕвезда пристигна кај Роналдо

Ова лето Ал-Наср продолжува со силни трансфери, откако го обезбедија напаѓачот Жоао Феликс и централен бек Иниго Мартинес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата на Кристијано Роналдо постигна договор со Баерн Минхен за трансферот на крилниот играч Кингсли Коман, пренесуваат Фабрицио Романо и Флориан Плетенберг.

Според нивните информации, сумата на договорот изнесува 30-35 милиони евра. Коман ќе потпише тригодишен договор со плата од 20-25 милиони евра по сезона. Овој 29-годишен играч ќе ги мине медицинските прегледи оваа седмица.

Пораката на францускиот репрезентативец за нови предизвици ќе се реализира по неговиот 10-годишен престој во Бајерн. За тоа време, тој одигра 339 натпревари со 72 голови и 71 асистенција за Минхен. Освои девет титули шампион на Германија, а во 2020 година беше европски клубски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Замина во тишина: Светот му предвиде величенствена кариера, а Светското првенство му беше последниот танц

Постојат фудбалери за кои сите веруваат дека ќе станат светски ѕвезди. Веќе како тинејџери…