Дома Фудбал Англија Мурињо слави – се враќа најдобриот

Мурињо слави – се враќа најдобриот

Пол Погба доживеа повреда на бутниот мускул уште на 12-ти септември и од тогаш е надвор од терените и не е во можност да им помогне на своите соиграчи.

Од тогаш „црвените ѓаволи“ го испуштија чекорот со лидерот Манчестер Сити, сега заостануваат 8 бода, па јасно е дека Французинот има многу важна улога во тимот од „Олд Трафорд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега конечно е обелоденето кога навивачите на Јунајтед конечно можат да го очекуваат на терените. Според последните информации од медиумите Погба на терен ќе се врати 18-ти ноември, поточно против Њукасл во 12-то коло од Премиер лигата.

Добри вести за Жозе Мурињо се и дека наскоро на терените се враќаат и Маркос Рохо и Златан Ибрахимовиќ, но се уште не се знае точниот датум на нивното враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…