Дома Фудбал Манчестер Јунајтед спрема сензационален трансфер за 120 милиони евра

Манчестер Јунајтед спрема сензационален трансфер за 120 милиони евра

Претставниците на Манчестер Јунајтед вчера имаа средба со агентите на Карлос Балеба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се дискутираше за времетраењето на договорот и платата, а целта е сè да биде дефинирано пред да ја испратат понудата до Брајтон, известува Фабрицио Романо.

Овој млад 21-годишен талентиран играч за врска од Камерун се приклучи на Брајтон пред две години за 27 милиони евра, откако пристигна од Лил.

Според медиумите на Островот, Брајтон е подготвен да го продаде само за 120 милиони евра.

Вчера Балеба не беше дел од составот на Брајтон за пријателскиот натпревар против Волфсбург, што укажува на тоа дека преговорите со Јунајтед напредуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го критикуваше Анчелоти и Бразил: Не е нормално толку многу да се греши

ЛЕГЕНДАРНИОТ бразилски напаѓач Роналдо (49) го анализираше тактичкото поставување на селек…