Дома Фудбал Почина фудбалерот од Лајковац кој беше погоден од гром

Почина фудбалерот од Лајковац кој беше погоден од гром

Драгиша Савковиќ (37), фудбалер на Цер од Петковица кој во неделата беше погоден од гром на натпревар, почина во Ургентниот центар. “Информер” известува дека младиот човек подлегнал на повредите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Драмата се случила околу 18 часот на стадионот Раднички од Клубаци кај Лозница, кога гром погодил во центарот на теренот за време на пријателскиот натпревар против Цер од Петковица. За жал, несреќниот Драгиша Савковиќ останал погоден од гром и не успеал да се опорави од тешките повреди.

– Громот точно удари во центарот. Кога се свртев, видов десетина играчи како лежат на земја. Сите кои беа завртени кон местото на ударот паднаа – опиша Драган Јериниќ, судијата на тој натпревар, што се случило.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреља даде посебно ветување, еве што ќе направи и како ќе изгледа ако Шпанија стане шампион (Фото)

Марко Кукуреља, познат по смели ветувања поврзани со успесите на репрезентацијата, повторн…