Дома Фудбал Хојлунд во проблем, вмешан во менаџерски скандал!

Хојлунд во проблем, вмешан во менаџерски скандал!

Неколку играчи на Манчестер Јунајтед се свртеа против Расмус Хојлунд откако данскиот напаѓач потпиша договор со менаџерска агенција која го застапува и поранешниот тренер на Јунајтед, Ерик тен Хаг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По разочарувачката сезона, Хојлунд би можел да го напушти Манчестер за време на летниот преоден рок, а за неговите услуги е заинтересиран Милан.

Според британските медиуми, проблемите на Хојлунд во соблекувалната започнале уште пред официјално да пристигне во Јунајтед. Данскиот репрезентативец претходно се приклучил на SEG, агенција која според мислењето на играчите и раководството на клубот има влијание врз трансферите, што предизвикало недоверба кај неговите соиграчи.

Хојлунд се соочи и со остри критики поради слабите изведби на теренот, а во текот на американската турнеја на Јунајтед, камерите го фатија како ја удира стативата од фрустрација откако Патрик Доргу не му ја подаде топката, туку се обиде сам да ја заврши акцијата.

За неговите проблеми во клубот зборува и статистиката. Во последните 35 настапи постигна само три гола, а се повеќе се зборува дека ова лето ќе го напушти клубот. Милан е еден од посериозните кандидати за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…