Дома Фудбал Хрватски медиуми: Голман на Вуковар доби отказ зашто следел страница за „Четници“

Хрватски медиуми: Голман на Вуковар доби отказ зашто следел страница за „Четници“

Хрватскиот прволигаш Вуковар одлучи да го раскине договорот со 18-годишниот Срѓан Недиќ, сега веќе поранешен голман на клубот.

Причината? Неговите активности на социјалната мрежа Инстаграм.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Недиќ требаше да брани против Динамо поради повредата на првиот голман на Вуковар Антонио Ѓаковиќ, но наместо тоа доби отказ затоа што навивачите на новиот хрватски прволигаш пребарувале неговиот профил на Инстаграм и откриле дека, покрај очигледните симпатии кон Црвена звезда, следи и одредени страници кои „го величаат четништвото“.

„Вуковар го провери сето тоа и одлучи да го раскине договорот со талентираниот голман кој неодамна дебитираше на големата сцена“, пишува „Гол“.

Недиќ е роден пред 18 години во Вуковар, има (т.е. имаше) три настапи за клубот од неговиот роден град кој минатата сезона избори настап во Првата лига на Хрватска по 25 години. Во Вуковар 1991 дојде од винковачката Цибалија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалците со стил се пласираа на СП: Без Роналдо постигнаа девет гола против Ерменија! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија денеска ја декласираше Ерменија со резултат 9:1,…