Дома Фудбал Милан има нова мета, тргнува по напаѓач од Премиер лигата!

Милан има нова мета, тргнува по напаѓач од Премиер лигата!

Се чинеше дека Душан Влаховиќ ќе го засили тимот на Милан, меѓутоа последните вести укажуваат дека Србинот нема да стане дел од славниот европски шампион.

Според новите информации од Италија, „росонерите“ се откажаа од Влаховиќ и го насочија своето внимание кон Расмус Хојлунд.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Манчестер јунајтед првично побара 40 милиони евра за неговиот трансфер, но со се поизвесно доаѓање на Шешко во редовите на „ѓаволите“, англичаните изгледаат подготвени да ја намалат цената.

Милан, наводно, е заинтересиран за позајмица на Хојлунд со можност да го откупат по крајот на сезоната. Дополнително, Данецот би прифатил плата од шест милиони евра, што е двапати пониско од сумата што ја бара Влаховиќ.

Поради тоа, Милан реши да ги прекине преговорите со Јувентус и да го фокусира своето внимание на привлекување на Хојлунд. Данецот нема ништо против да се врати во Италија, бидејќи порано играше за Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската инфлуенсерка за првпат искрено зборуваше за Јамал: Ми се јави кога имаше 11 години

По долг период на шпекулации, шпанската инфлуенсерка Фати Васкез конечно одлучи отворено д…