Дома Фудбал Меси го нема, но затоа Суарез доминира: Интер Мајами обезбеди четвртфинале во Лига Купот (Видео)

Меси го нема, но затоа Суарез доминира: Интер Мајами обезбеди четвртфинале во Лига Купот (Видео)

Интер Мајами успеа да избори пласман во нокаут фазата од КОНКАКАФ Лига купот, откако на домашен терен извојува значајна победа над мексиканскиот тим УНАМ со резултат 3-1. Со овој триумф, клубот од Флорида го обезбеди второто место во групата, во која се натпреваруваат екипи од САД и Мексико, и сега го очекува името на својот противник во четвртфиналето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Победата добива уште поголема тежина со оглед на тоа што беше остварена без присуството на најголемата ѕвезда, Лионел Меси, кој поради повреда здобиена на претходниот натпревар ќе биде надвор од терените околу три недели.

Во негово отсуство, сцената ја презеде искусниот уругвајски напаѓач Луис Суарез, кој одигра клучна улога – постигна гол и асистираше за уште два, носејќи го својот тим до победа.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваков Роналдо може да биде проблем за Португалија: Погледнете како играше против Нигерија (Видео)

Португалија вчера ја совлада Нигерија со резултат од 2:1 во пријателски натпревар. Зошто п…