Дома Фудбал Несекојдневни сцени од Литванија: Навивачите фрлаа куфери на терен за да ја изразат својата порака до легендата на клубот (ВИДЕО)

Несекојдневни сцени од Литванија: Навивачите фрлаа куфери на терен за да ја изразат својата порака до легендата на клубот (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Жалгирис од Вилнус се соочува со сериозна криза на резултати и атмосфера. По новиот пораз во 23. коло на литванската А Лига, не само што лошата игра привлече внимание, туку и неочекуваната реакција на навивачите – со фрлање куфери на теренот тие директно му порачаа на тренерот Владимир Чебурин дека е време да замине.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во дуелот против Каунас, Жалгирис загуби со резултат од 1:2, а натпреварот го обележаа повиците „Чебурин, заминувај“ кои одекнуваа од трибините. Сцените станаа уште по драматични кога навивачите фрлија пластични куфери кон теренот, алудирајќи дека е време тренерот да се „спакува“ и замине.

Наместо да ги смири тензиите, 60-годишниот казахстански стручњак од клупата иронично им аплаудираше на навивачите, што дополнително ја заостри ситуацијата на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холасндскиот херој стана трагичар: Погледнете како си даде автогол при лудите пенали

МАРОКО го обезбеди своето место во осминафиналето на Светското првенство откако во напната…