Дома Фудбал Наполи е блиску до уште три зделки

Наполи е блиску до уште три зделки

Шампионот Наполи продолжува да биде еден од најактивните италијански тимови на трансфер-пазарот ова лето, бидејќи е блиску до завршување на уште три зделки. Станува збор за привлекување на двајца нови играчи, како и за продажба на сегашен играч од составот кај Антонио Конте.

Според информациите во Италија и Шпанија, „партенопеите“ наскоро ќе се засилат со левиот бек Мигел Гутиерес, кој ќе дојде со трансфер од Жирона за околу 20 милиони евра. Младиот играч на Реал Мадрид веќе се договори со Наполи за својот договор, а двата клуба ги финализираат последните детали околу структурата на зделката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во меѓувреме, наполитанците работат и на привлекување на играчот од средината на теренот Фабио Мирети од Јувентус. И во овој случај веќе имаат согласност со самиот играч за петгодишен договор со плата од 1,7 милиони евра годишно, како што соопштува Николо Скира. Сепак, според „Гадзета дело спорт“ сè уште нема спогодба меѓу двата клуба. Наполи нуди 14 милиони евра, додека „Старата дама“ постави цена од 20 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах го заменува Роналдо како лице на саудискиот фудбал со тројно зголемување на платата

Напаѓачот Мохамед Салах може да стане новото лице на саудиската фудбалска лига ако го приф…