Дома Фудбал ФИФА под удар: Поднесена колективна кривична пријава во име на 100.000 фудбалери

ФИФА под удар: Поднесена колективна кривична пријава во име на 100.000 фудбалери

Данска фондација поднесе сериозна кривична пријава против ФИФА. Во тужбата се споменуваат повеќе од 100.000 играчи од цела Европа. Пресудата на Европскиот суд на правдата беше катализатор за оваа акција.

Фондацијата „Правда за играчи“ од Данска започна правна борба против највисокиот фудбалски авторитет – ФИФА.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Станува збор за колективна кривична пријава поднесена во име на дури 100.000 професионални фудбалери.

Во фокусот на пријавата се сериозни прекршувања на работническите и пазарните права, откриени со пресудата на Европскиот суд на правдата.

Освен ФИФА, пријавата ги опфаќа уште пет фудбалски организации, чии имиња засега не се откриени.

Фондацијата бара финансиска надомест за сите играчи кои можеле да изгубат дел од своите приходи поради правилата за трансфери и рестриктивните прописи.

Во соопштението на фондацијата се наведува дека сите фудбалери и фудбалерки кои играле во Европската унија или Обединетото Кралство од 2002 година имаат право да се приклучат на оваа тужба.

Пресудата која ја покрена целата лавина беше донесена минатата година во случајот на Ласана Диара, поранешен фудбалер на Реал Мадрид.

Диара се обиде да го раскине договорот со московски Локомотив и да премине во белгискиот Шарлероа, но ФИФА тогаш имаше право да го спречи тоа.

Посебно беше истакнато дека ограничувањата на ФИФА во врска со раскинување на договор без „оправдана причина“ не се законски.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим воведе ново правило кое дава резултати: Кој ќе изгуби на тренинг…

Рубен Аморим воведе ново правило за играчите на Манчестер јунајтед, а медиумите во Англија…