Дома Фудбал Се огласи Маскерано: Пристигнаа првите информации за повредата на Меси

Се огласи Маскерано: Пристигнаа првите информации за повредата на Меси

 Интер Мајами, по драматичната серија пенали, извојува победа против мексиканската Некакса во второто коло од Купот на лигата на Централна и Северна Америка, но овој успех беше засенет од повредата на Лео Меси, кој мораше да ја напушти играта по само десет минути.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најглавно прашање сега во Интер е колку е сериозна повредата на славниот Аргентинец. По завршувањето на мечот, првите информации пристигнаа и од новинари, и од неговите соиграчи и од тренерот.

Сѐ се случи по судар со неколку фудбалери на противникот пред шестнаесетметарскиот простор на Некакса. Му беше пружена помош на теренот, но потоа беше донесена одлука дека не може да продолжи со игра.

Новинарот на ЕСПН Аргентина, Клаудио, откри дека повредата изгледа како ”чувствителност во тетивите”.

Соиграчот на Меси, Теласко Сеговија, сподели што му кажа Меси:

”Го прашав како се осеќа, а тој ми кажа дека е добро. Но мислам дека уште не му направиле никакви тестови”.

Џорди Алба постигна гол за изедначување во 92. минута пред да се влезе во пенал-серијата, а по натпреварот и на него му беше поставено прашање за Меси.

”Многу е тажно за целиот тим што најдобриот играч во светот, во историјата, се повреди. Тој е важен играч. Штета. Се надевам дека не е сериозно бидејќи ни е потребен…”

Тренерот Хавиер Маскерано даде малку појасни информации.

”Па, почувствува малку непријатност и нема да можеме да знаеме до утре колку е сериозна повредата. Можеби има нешто таму. Можеби не е тоа толку важно, бидејќи навистина не го болеше. Но сепак чувствуваше истегнување”, објасни Маскерано за MLS.com.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tиквеш избра тренер со големо искуство, работел и во гигантот Ал Хилал!

Тиквеш официјално го претстави новиот шеф на стручниот штаб, а довербата за предводење на …