Дома Фудбал Голема трагедија во Германија: Почина шестгодишниот син на голманот на Баерн Минхен

Голема трагедија во Германија: Почина шестгодишниот син на голманот на Баерн Минхен

Многу тажна вест објави голманот на Баерн, Свен Улрих, бидејќи неговиот шестгодишен син Лен починал по долга и сериозна болест.

Свен Улрих не настапуваше од октомври минатата година и не патуваше на гостувања, бидејќи неговиот син се бореше со тежок здравствен проблем.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Со огромна тага денеска споделуваме дека нашиот син Лен почина пред неколку недели, по долго и тешко боледување. Одлуката да го објавиме ова е неверојатно тешка за нас – но е значаен чекор за нас како семејство, за да обезбедиме јасност за оние околу нас, како и за јавноста. Заедно со нашата ќерка, сега се обидуваме да го продолжиме животот чекор по чекор.

Посебно благодарност сакаме да изразиме кон нашите семејства, пријатели и ФК Баерн Минхен за нивната дискреција и огромна поддршка во текот на последните неколку месеци – тоа ни значи многу. Молиме ја јавноста и медиумите да бидат обѕирни и да ја почитуваат нашата приватност..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити ќе ја зајакне средната линија со две имиња од Премиер лигата

Манчестер Сити се подготвува за сериозно обновување на средната линија, додека Пеп Гвардио…