
Ливерпул забележа убедлива победа од 3-1 против Јокохама Ф-Маринозе во пријателски натпревар одигран во рамки на азиската турнеја, а блескаво деби во дресот на „црвените“ имаше новото засилување – Флоријан Вирц.
Младиот германски репрезентативец одигра извонреден натпревар, не само што се запиша меѓу стрелците туку и ја предводеше играта на тимот со самоуверени потези и одлична визија на теренот. Неговата маестрална изведба не остана незабележана – по завршување на мечот беше прогласен за играч на натпреварот.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како дополнителна награда за неговиот настап, организаторите му доделија и симболична парична награда во износ од еден милион јени, што приближно изнесува околу 5.850 евра.
Фото: Принтскрин