Жозе Мурињо сака да ја засили одбраната на Манчестер Јунајтед, а англиските медиуми пишуваат дека Самуел Умтити е името кое Португалецот го држи на листата и бара да го види во дресот на „Црвените ѓаволи“ за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот стопер има договор со Барселона до 2021. година, а откупната клаузула изнесува 60 милиони евра.
Умтити од 2001. година играше во Лион, од 2011. година потпиша прв професионален договор со Лавовите, додека пак во 2016. година стана првотимец на Барселона.
Но, ваквиот потег на Мурињо се чини значи дека не е задоволен од формата која ја нудат Линделоф и Крис Смолинг.