Дома Фудбал Кошчелни најави повлекување од репрезентацијата

Кошчелни најави повлекување од репрезентацијата

Дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец Лоран Кошчелни најави повлекување од националниот дрес по завршувањето на Мундијалот во Русија.

„Се има свој крај. По Мундијалот ќе имам речиси 33 години и тоа ќе биде вистинскиот момент да ја напуштам репрезентацијата. Имам уште шест месеци да поминам со францускиот тим и да направам уште повеќе спомени, како што вели мојата сопруга“, изјави Кошчелни.

Кошчлени за француската репрезентација дебитираше во 2011 година и има играно на три големи натпреварувања, со вкупно 49 настапи.

Играчот на Арсенал потврди дека веќе подолго време има проблеми со ахиловата тетива и секој ден оди на терапии, па тоа е една од најголемите причини поради која ќе се откаже од репрезентативните обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…