Дома Фудбал Почина поранешен фудбалер на Наполи – бил претепан од полицијата!

Почина поранешен фудбалер на Наполи – бил претепан од полицијата!

Поранешниот младински фудбалер на Наполи и подоцна афирмиран диџеј, Микеле Ношкезе, трагично го загуби животот во саботата наутро во својот дом на Ибица на само 35 години, по инцидент во кој бил инволвиран со шпанската полиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според извештаите на локалните медиуми, до конфликтот дошло откако соседите пријавиле прегласна музика од забава што Ношкезе ја организирал. На повикот реагирала шпанската цивилна гарда, а по нивното пристигнување ситуацијата брзо ескалирала. Сведоци тврдат дека дошло до физички судир помеѓу полицијата и диџејот, при што тој бил жестоко претепан.

Подоцна бил пронајден мртов во неговиот дом, а околностите околу смртта се сè уште предмет на истрага.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бегалски камп, војна и сон кој изгледаше невозможен: Сега постигна гол на Светското првенство

Светските првенства секогаш носат нови херои, но малку приказни можат да се споредат со он…