Дома Фудбал Гибралтар и фудбал: ВАР повлече линија која стана хит на интернет (Видео)

Гибралтар и фудбал: ВАР повлече линија која стана хит на интернет (Видео)

Фудбалерите на Црвена звезда го совладаа Линколн од Гибралтар со 1:0 во натпреварот од второто коло на квалификациите за Лигата на шампионите, а она што, покрај играта и победата на црвено-белите, го одбележа овој натпревар беше моментот на ВАР проверката на погодокот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Црвено-белите поведоа со 1:0 преку Бруна Дуартеа, и јасно беше дека сè е регуларно. Сепак, режисерот на преносот се обиде да прикаже зошто сè е во ред со постигнатиот гол на српскиот тим, па на екранот беше прикажан снимка со комична ВАР линија која беше искривена.

И самиот коментатор на преносот потврди дека сè е во ред, а кога ја виде снимката и ВАР линијата, избувна во смеа:

– Убава комбинација, Иваниќ чекаше и во вистинскиот момент даде за Дуарте – рече коментаторот, а потоа ја погледна снимката:

– Оваа линија никако не е добра – рече и почна да се смее.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …