Дома Останати Тенис Иванишевиќ: Синер и Алкараз се пет чекори понапред од сите

Иванишевиќ: Синер и Алкараз се пет чекори понапред од сите

Горан Иванишевиќ е во Умаг, тенисот е секако, најважна тема, а финалето на Вимблдон е прва приказна. Јаник Синер пред девет дена го победи Карлос Алкараз со 3:1 во сетови.

– Тоа беше еднострано финале – пренесува “Гол” неговите зборови на хрватската ТВ. – Синер беше подобар и според мене тој моментално е малку подобар играч од Алкараз, а тие двајца се пет чекори напред од сите. Единствениот кој можеби може да се бори со нив е Новак Ѓоковиќ, но другите немаат шанси.

Синер токму Ѓоковиќ го победи во полуфиналето со 3:0 во сетови.

– Ако против Синер не играш со 100 проценти можности, а и кога играш, шансите не ти се големи. Мислев дека Новак може, но за жал не беше сосема подготвен. Ѓоковиќ е најголемиот тенисер на сите времиња, но она што го прават Синер и Алкараз е друг ниво на тенис.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ежени Бушар одби да се ракува со Украинка по поразот на турнирот во Чикаго

Канадската тенисерка Ежени Бушар одби да се ракува со својата украинска противничка по пор…