Дома Фудбал На семафор во 85. минута беше 0:0, топката доаѓа до Нејмар, а потоа чудо и магија за паметење (Видео)

На семафор во 85. минута беше 0:0, топката доаѓа до Нејмар, а потоа чудо и магија за паметење (Видео)

Фудбалерите на Сантос синоќа во големото дерби го победија Фламенго со 1:0 во рамките на 14-тото коло на бразилската Серие А, а херој беше Нејмар кој со магија во 85-тата минута ѝ донесе победа на својата екипа.

Сантос не блеска многу во новата сезона од најсилната бразилска фудбалска лига, но синоќа пред преполните трибини на нивниот стадион успеа да го победи лидерот Фламенго.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Фламенго пристигна на ова гостување со три последователни победи, но серијата на овој тим беше прекината синоќа благодарение на магијата на Нејмар.

Двете екипи имаа многу добри шанси во овој натпревар, но како што се ближеше времето кон крај, изгледаше дека дербито на Сантос и Фламенго ќе заврши без голови.

Нејмар доби одличен пас од Гулиерме и фантастично се снајде во казнениот простор на Фламенго каде што успеа да ја прими топката, а потоа со дриблинг постигна гол за 1:0, што предизвика тотална лудница на стадионот на Сантос.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен доби жестоки навреди од навивачите на Наполи (Фото)

Во сенка на шпекулациите за неговиот можен трансфер во Галатасарај, нигерискиот напаѓач Ви…