Дома Ракомет Нова истрага против Карабатиќ

Нова истрага против Карабатиќ

Браќата Никола и Лука Карабатиќ повторно се во центарот на вниманието откако француските медиуми објавија дека се предмет на истрага, овој пат на Дисциплинската комисија на Француската федерација.

Браќата Карабатиќ одлучија да ја повлечат жалбата во францускиот суд за обложувачката афера од 2012 година па со тоа пресудата стана правосилна.

Со оглед на фактот дека беа прогласени за виновни Никола и Лука Карабатиќ беа на сослушување пред Дисциплинската комисија и сега се соочуваат со нови санкции. Тие можат да бидат од 6 натпревари до 2 години суспензија.

Доколку Француската федерација се покаже како „блага“ во однос на ракометните асови, ИХФ би можел да го продолжи процесот против нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид со 16 гола разлика ја запиша шестата лигашка победа

Охрид го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 35:19, откако уште до одморот создаде двоцифрена п…