Дома Фудбал Мафија му се закани на претседателот на Наполи и неговиот син поради Осимен

Мафија му се закани на претседателот на Наполи и неговиот син поради Осимен

Трансферот на Виктор Осимен од Наполи во Галатасарај прилично се одолговлечи, а сега „навивачите“ на турскиот гигант отидоа предалеку и упатија брутални закани до Аурелио Де Лаурентис и неговиот син Едоардо.

Турците се познати како големи љубители на фудбалот и по тоа што даваат безрезервна поддршка на своите миленици. Едни од најжестоките навивачи во турскиот фудбал се навивачите на Галатасарај, кои тоа го докажуваат од натпревар во натпревар.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Нивниот клуб е најтрофеен во историјата на турскиот фудбал и се чини дека од сезона во сезона се сѐ посилни. И минатата сезона понесоа титулата државен шампион, а ова лето подготвуваат вистинска трансфер бомба.

Виктор Осимен, кој ја помина минатата полусезона кај нив на позајмица, е блиску до траен трансфер во нивните редови.

Тоа би бил убедливо најголемиот трансфер во историјата на турскиот фудбал, затоа што двете страни договорија сума од дури 75 милиони евра.

Вечерва новинарот на турскиот „Fanatik“ објави гнасни закани од „навивачите“ на Галатасарај упатени до синот на претседателот на Наполи (Едоардо) и самиот претседател (Аурелио) Де Лаурентис.

Следеше брутален одговор: „Турската мафија! Освободете го Осимен или сте готови. Ти и твојот татко ќе платите за ова, чувајте се.“

Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нико Вилијамс ја одбил Барселона затоа што ќе ја освои ЛШ со Атлетик Билбао

Европскиот шампион Нико Вилијамс го објасни своето решение да остане во Атлетик Билбао, за…