Дома Фудбал Изненадување: Атлетико Мадрид го сака 36-годишниот Душан Тадиќ

Изненадување: Атлетико Мадрид го сака 36-годишниот Душан Тадиќ

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој е слободен агент и веќе има 36 години, ќе ја продолжи својата кариера во Атлетико Мадрид, тврди српскиот весник “Телеграф”.

Се очекува офанзивниот фудбалер да замине за Шпанија во вторник, каде што двете страни треба да се договорат за останатите детали, пред договорот да биде официјално потпишан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Последно играше во Фенербахче, каде што договорот му истече. Во последните неколку дена се појавија гласини за понуди од Црвена звезда и Војводина, но желбата на Тадиќ беше да ја продолжи кариерата во странство.

Поранешниот капитен на Ајакс беше предмет на интерес и од Парма, како и од клубови од Русија и САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го испраќа на позајмица младото чудо во кое вложи 60 милиони евра

Изгледа дека Реал Мадрид ја реши ситуацијата со својот млад напаѓач Ендрик, кој ќе се обид…