Дома Фудбал Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра како лев бек и е Шпанец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За него „белите“ ќе платат 50 милиони евра. Толку е откупната клаузула, но нема да биде активирана, туку Реал ќе ја исплати сумата во три рати. Договорот на фудбалерот е за шест сезони.

Всушност, Карерас се враќа во Реал, бидејќи има неколку сезони во клубот како младинец. Во 2020 година замина од „Ла Фабрика“ кон Манчестер Јунајтед, каде што не успеа да се афирмира. Во тоа време, бекот беше познат повеќе како Алваро Фернандес, но подоцна посака на фудбалската маица да му пишува „Карерас“.

Шпанецот ќе се конкурира за место со Фран Гарсија и Ферлан Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатниот Хари Кејн ги урна соништата на Конго! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Англија, водена од извонредниот Хари Кејн, направи значителе…