Дома Фудбал Осимен зел боледување за да го пропушти стартот на подготовките со Наполи

Осимен зел боледување за да го пропушти стартот на подготовките со Наполи

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, зел боледување со кое го оправдал неговото отсуство од стартот на подготовките на шампионите додека чека да се постигне договор меѓу „партенопеите“ и Галатасарај за неговиот трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба продолжуваат да преговараат околу структурата на плаќањата на 75-милионската ослободителна клаузула на нигериецот. Според последните информации, Наполи бара 55 милиони евра да бидат платени веднаш, а останатите 20 милиони да бидат сплатени на рати. Најновата понуда на турскиот гигант изнесува 40+35 милиони.

Додека не се заврши договорот, Осимен останува играч на Наполи, што значи дека денес требаше да започне предсезонски припреми со остатокот од екипата на Антонио Конте.

Според информациите во Италија, Осимен претставил на клубот боледување, со кое се ослободил од присуство. Нема јасност каква е дијагнозата и колку долго време ќе биде оправдано неговото отсуство на овој начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хакими жали за ремито со Бразил – смета дека испуштиле победа против фаворитот!

Капитенот на Мароко Ашраф Хакими изјави дека натпреварот против Бразил не беше лесен, но д…