Дома Фудбал Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот договор!

Џејдон Санчо повторно е дел од Манчестер Јунајтед, и сега се поставува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус е заинтересиран да го има во своите редови и веќе почнале преговори со него, договорот е навидум постигнат, како што известуваат одредени италијански медиуми, но се уште недостасува согласност меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Сепак, понудата што ја доставија, не ги задоволува критериумите на Манчестер Јунајтед.

Јувентус понудил скромни 10.000.000 евра за 25-годишниот играч, сума која е многу помала во споредба со она што Манчестер Јунајтед ја потроши за негово ангажирање.

Манчестер Јунајтед бара дополнителни 15 милиони евра, но Јувентус има финансиски потешкотии и не располага со доволно средства за реализација на овој трансфер.

Многу ќе зависи и од ситуацијата со Нико Гонзалес, кој би можел да замине од клубот во текот на ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс против Динамо Минск ќе игра во Бугарија

Екипата Силекс ќе ги одмери силите со белорускиот шампион Динамо Минск во првото квалифика…