Дома Фудбал Хендерсон се враќа во Премиер лигата и ќе направи и голем гест кон Жота!

Хендерсон се враќа во Премиер лигата и ќе направи и голем гест кон Жота!

Досегашниот фудбалер на Ајакс, Џордан Хендерсон, е на пат да се приклучи на Брентфорд, објави Девид Орнштајн од „Атлетик“.

Скај пренесе дека трансферот бил договорен изминатиот викенд, а 35-годишниот англиски фудбалер ќе потпише договор на две години. Сепак, официјалната промоција ќе биде одложена поради почит кон Диого Жота, некогашен соиграч на Хендерсон од Ливерпул, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа минатата недела.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во четвртокот, Хендерсон ја раскина спогодбата со Ајакс и по осумнаесет месеци престој, го напушти клубот од Амстердам. Се очекува неговата промоција да се одржи следната недела.

Во Брентфорд гледаат на поранешниот капитен на Ливерпул, Хендерсон, како на играч кој ќе донесе големо искуство и квалитет, бидејќи ќе го замени Кристијан Норгаард, кој кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.

Хендерсон се приклучи на Ајакс минатиот јануари, откако помина неуспешен шестмесечен период во саудискиот Ал Етифак. Одејќи таму, ги заврши своите 12 години во Ливерпул.

Како капитен на Ајакс минатата сезона, не успеа да ја освои титулата во Холандија. Во текот на својата кариера, Хендерсон исто така играше за Сандерленд и Ковентри. За англиската репрезентација има одиграно 84 натпревари и постигнато три голови. Годинава повторно беше повикан во националниот тим од новиот селектор Томас Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул мора да продаде тројца фудбалер за да го купи најскапото засилување во нивната историја

Ливерпул продолжува да се поврзува со Александар Исак и може конечно да ги има клучевите з…