Дома Фудбал Силекс и Работнички поразени во Европа

Силекс и Работнички поразени во Европа

Фудбалерите на Силекс се враќаат со негатива од 2:0 по првиот меч со црногорски Дечиќ Тузи во рамките на 1. коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

Домашниот тим имаше повеќе од играта и поведе во 39.минута, кога по брзата контра и лошата поставеност на кратовската одбрана Андреј Бајовиќ погоди за 1-0.

Во вториот дел откако Мирчевски заработи црвен картон кај Силекс, домашните со голот на нововлезениот Н’Диаје во 70. минута ја потврдија победата.

Не помина добро и екипата на Работнички кој со 3-0 загуби од Торпедо Белаз во натпреварот кој се играше во Унгарија поради ситуацијата во Белорусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хааланд по критиката на еден навивач: Дали до ова требаше мојот живот да се сведе

МАНЧЕСТЕР Сити во недела во четвртото коло на Премиер Лигата ја оствари победата против ло…