Дома Фудбал Стефан Ристовски има нов клуб!

Стефан Ристовски има нов клуб!

Мкедонскиот фудбалер Стефан Ристовски според последните информации на порталот „Германијак“, кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По заминувањето од Динамо кариерата Ристовски ќе ја продолжи во Сараево! Договорот треба да биде потпишан во текот на денот, а таму Ристовски ќе го пречека стар познаник од ХНЛ, Зоран Зекиќ. Според информациите, токму убедливоста на поранешниот тренер на Осиек била клучниот фактор Ристовски да се реши за овој клуб.

Во Сараево веќе се и Иван Баниќ, поранешен голман на Горица, како и Един Јуларџија, кој беше дел од загрепски Динамо.

Тимот на Сараево моментално се наоѓа на подготовки во Словенија, каде што во средата одиграа пријателски натпревар со чешкиот Словачко и победија со 2-0. Првиот официјален натпревар ги очекува во второто коло од квалификациите за Лигата на Европа, каде што избраниците на Зекиќ ќе играат против романската Универзитатеа.

Фото: GNK Dinamo Zagreb

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …