Дома Фудбал Вардар ја продолжи соработката со својот главен спонзор!

Вардар ја продолжи соработката со својот главен спонзор!

Вардар и оваа сезона ќе ја има поддршката од својот главен сојузник, „Новоматик“, кој ќе продолжи да го поткрепува клубот и во новите натпревари.

Австрискиот гигант, кој пред една година се присоедини на „црвено-црното“ семејство, потврди дека останува партнер, откако минатата година вложи приближно еден милион евра, што беше клучно за стабилизирање на финансиската состојба на клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со помошта во затворањето на дел од обврските, Вардар минатата сезона успеа да го врати духот на победникот. Освоениот Куп на Македонија им донесе и учество во квалификациите за Конференциската лига.

Европското предизвикување започнува на 10 јули, кога Вардар ќе го дочека тимот на Ла Фиорита од Сан Марино на домашен терен. Реванш натпреварот ќе се одигра недела дена подоцна, а црвено-црните се надеваат на позитивен старт во европската кампања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска одлука во најва: Манчестер Сити останува без 60 бодови и се преселува во понизок ранг!?

Веќе долго време трае правната битка помеѓу Манчестер Сити и Премиер лигата за наводни фин…