Дома Фудбал Тинејџер од 60 милиони евра постигна голчиште против Челзи и наскоро потпишува со нив

Тинејџер од 60 милиони евра постигна голчиште против Челзи и наскоро потпишува со нив

Челзи успеа да се пласира во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако во четвртфиналето кое се одигра во Филаделфија го победи бразилскиот Палмеирас со резултат 2:1. Следниот предизвик за лондонскиот клуб е бразилскиот гигант Флуминенсе од Рио де Жанеиро.

Во првата половина на натпреварот, лондончани веќе во 16-та минута дојдоа до предност кога Кол Палмер ја искористи шансата и го доведе својот тим во водство. Но, Палмеирас не се предаде и израмни во 53-та минута преку голот на Естеван, 18-годишниот крилен напаѓач кој ќе потпише договор со Челзи за само неколку дена.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Натпреварот беше исклучително возбудлив со шанси за голови на двете страни, но конечен резултат го постави автоголот на аргентинскиот десен бек Агустин Џија во 83-та минута. Највпечатлив момент беше голот на младиот Естеван, кој постигна погодок со силен удар од речиси невозможен агол и тоа со послабата десна нога.

Естеван е висок 176 сантиметри и покрај тоа што може да игра како централен напаѓач, најчесто се наоѓа на десната крилна позиција, каде вешто навлегува во средина на својата посилна лева нога. Неговиот фудбалски идол е Меси, па според тоа го добил прекарот “Мессињо”, односно “малиот Меси” на португалски.

Наредната сезона ќе го видиме во дресот на Челзи. Палмеирас го продаде за 34 милиони евра, а со бонуси трансферот може да достигне неверојатни 60 милиони. Минатата година, Естеван постави рекорд како најефикасен фудбалер под 18 години во бразилската Серија А, со 16 комбинирани голови и асистенции, рушејќи го рекордот на Нејмар од 2009 година кога тој играше за Сантос. Естеван досега пет пати беше дел од националниот тим на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен избра каде ќе игра во иднина

Виктор Осимен, кој го бараат бројни клубови, претпочита да остане во Галатасарај и го инфо…