Дома Фудбал Флуминенсе го надмудри Ал-Хилал и стана првиот полуфиналист на СП

Флуминенсе го надмудри Ал-Хилал и стана првиот полуфиналист на СП

Флуминенсе победи со 2:1 над Ал-Хилал и на тој начин стана првиот полуфиналист на Светскиот клубски шампионат.

Бразилците успеаја да го отворат резултатот преку Мартинели (40’), но тимот на Симоне Индзаги изедначи на почетокот на второто полувреме преку Леонардо (51’).

Сепак, успехот за Јужноамериканците го донесе резервистот Еркулес (70’), кој постигна гол 20 минути пред крајот. Двете екипи понудија интересен натпревар со честа промена на надмоќта и многу можности.

Натпреварот започна со минута молк во чест на трагично загинатиот пред еден ден Диого Жота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи испадна, а Естевао не доби ни минута: Алонсо под критики

Клинтон Морисон и Џоби Мекануф не ја разбираат одлуката Естевао Вилијан да остане на клупа…