Дома Фудбал Oва е братот на Жота кој загина заедно со него: Некогаш беше голема надеж на Португалија

Oва е братот на Жота кој загина заедно со него: Некогаш беше голема надеж на Португалија

Од утрово за жал главна тема во фудбалскиот свет е трагедијата во која животот го загуби Диого Жота заедно со неговиот брат Андре кога нивното возило излетало од патот и целосно изгорело.

Според пишувањата на „Марка“, 28-годишниот португалски фудбалер загинал во инцидентот во покраината Замора, Шпанија. Несреќата се случила на автопатот А-52, кај 65-тиот километар, во близина на местото Палациос де Санабрија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Покрај 28-годишниот Диого Жота, во возилото бил и неговиот брат Андре Силва. Кога возилото излетало од патот и планело, немало спас за двајцата патници.

Неговиот брат, исто така, беше професионален фудбалер и некогашен голем талент.

Андре Силва (25) последните денови ги помина како играч на португалскиот второлигаш Пенафиел. Како голем талент ја помина младинската школа на португалскиот гигант Порто, но не направи кариера како што тоа го направи неговиот брат Диого.

Играше и за Гондомар, пред да се приклучи на Пенафиел во 2023 година, со договор важечки до летото во 2026 година.

Неговиот брат, Диого Жота, оствари многу поголема кариера. Овој 28-годишен крилен офанзивец има одиграно преку 120 натпревари за Ливерпул откако во 2020 година пристигна од Вулверхемптон. Со клубот освои бројни трофеи вклучувајќи ја и Премиер лигата.

За репрезентацијата на Португалија одигра 49 мечеви и постигна 14 гола. Беше неизоставен член на репрезентацијата заедно со Кристијано Роналдо. Освен во Ливерпул, каде ја создаде својата голема фудбалска репутација, играше и за Вулверхемптон, Порто, Атлетико Мадрид и матичниот Пасос де Фереира во Португалија.

Диого Жота со помалиот брат играа заедно во младинската школа на Порто, но на крајот нему му се разви кариерата, за разлика од Андре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …