
Новите извештаи откриваат интересни новости поврзани со можниот трансфер на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.
Овој англиски играч минатата полусезона ja помина како позајмен играч во Астон Вила, откако новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, одлучи дека Рашфорд не е од суштинско значење за тимот.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Рашфорд претходно јавно изрази желба да игра со Ламин Јамал, притоа отворено заговарајќи трансфер во Барселона, но се чини дека тоа не е на повидок.
Меѓутоа, во трката за потпис на Рашфорд се вклучи друг славен клуб од Бундеслигата.
Имено, Ливерпул јасно им даде до знаење на челниците на Баерн Минхен дека нивниот играч Луис Диаз не е на продажба.
Диаз, кој има 28 години и договор со Ливерпул до 2028 година, исто така го привлече вниманието на Барселона.
Во неодамнешно интервју, Диаз објави дека е многу среќен во Ливерпул и дека можеби ќе остане таму подолг период.
“Многу сум среќен и чувствувам исто како и првиот ден кога дојдов. Секогаш сум бил смирен и уживам во фудбалот, играјќи за овој одличен тим”, изјави Диаз за Telemundo Deportes.
Со оглед на тоа што Баерн не може да го ангажира Диаз, според ESPN, тие го насочија интересот кон играчот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.
Кристијан Фалк вели дека Баерн е во потрага по лев крилен играч и дека Рашфорд ненадејно стана првиот избор.
Откако беа одбиени од Леао од Милан, Вилијамс од Атлетик Билбао и Баркола од ПСЖ, сега прашуваат за финансиските услови под кои би го ангажирале Рашфорд во Минхен, а Манчестер Јунајтед бара околу 40 милиони евра за него.