Дома Фудбал Познат фаворитот за нов потписот на Енис Барди!

Познат фаворитот за нов потписот на Енис Барди!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да остане во Турција и по заминувањето од Бодрумспор, откако турските медиуми јавуваат дека е на радарот на Ризеспор.

Барди во јануари се приклучи на Бодрум откако претходно настапуваше за Трабзонспор, но по испаѓањето на тимот во понизок ранг, играчот од средниот ред се наоѓа пред нова преселба во турската Суперлига. Според најавите, тој е блиску до договор со Ризеспор, клуб кој има амбиции да атакува на повисоки позиции во новата сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во изминатата натпреварувачка година, Барди забележа 31 настап во сите натпреварувања, при што запиша два погодоци и четири асистенции.

Ризеспор минатата сезона ја заврши на деветтата позиција со 49 освоени бодови, со што беше во трка за европските места до последните кола од шампионатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…