Дома Фудбал ФИФА подготвува нов „земјотрес“: Клубовите се бесни, се плашат за иднината на фудбалот

ФИФА подготвува нов „земјотрес“: Клубовите се бесни, се плашат за иднината на фудбалот

Се подготвува нов потег во светскиот фудбал кој сигурно ќе предизвика многу коментари од страна на љубителите на фудбалот, но и од страна на клубовите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Светското клупско првенство со 32 тима на кое домаќин е САД стигна до нокаут фазата, а за овој формат веќе се размислува и за четири години.

ФИФА размислува опција Катар да биде домаќин на следното Светско клупско првенство во 2029 година.

Катар сака уште едно домаќинство по Мундијалот во 2022 година и се чини дека има поддршка од ФИФА.

Сепак, планот е првенството во 2029 година да се одржи зимно време, како и за репрезентации во 2022 година.

Овој термин секако не би одговарал на многу клубови, особено оние од Европа.

Поради тоа, клупското првенство би било во средината на европските сезони и календарот би бил тотален хаос.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …