Дома Фудбал Луда сцена: Фудбалер пијан си ја откри платата и го исмејуваше спортскиот директор (Видео)

Луда сцена: Фудбалер пијан си ја откри платата и го исмејуваше спортскиот директор (Видео)

Играчот на Борусија Менхенгладбах, се чини, малку претерал со алкохолот, што резултираше со изјави кои можат да му донесат сериозни последици…

Пред неколку години, европскиот фудбал беше запознаен со ново име – Флоријан Нојхаус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се зборуваше дека младиот играч од Ландсберг на Лех ќе биде еден од најголемите таленти во современиот фудбал и дека ќе биде основен дел од германската репрезентација во следните години.

Баерн и Ливерпул беа заинтересирани за него, но трансферот не се реализираше и неговата кариера почна да стагнира.

Сега, на 28 години, со само 10 настапи за националниот тим, Нејхаус не успева да обезбеди место во стартниот состав на Гладбах, нешто што го потврдуваат и само 368 минути во Бундеслигата на одиграни 18 натпревари оваа сезона.

Во моментов, Нојхаус е на одмор на Мајорка. .

„Дон Роло (Роланд Виркус) е најлошиот спортски директор на светот! Ми плаќа не 1, не 2, не 3 – туку 4.000.000 евра годишно“, изјави фудбалерот кој беше во алкохолизирана состојба пред група млади со која се случајно сретнал на улица.

Веројатно на господинот Виркус не му е драго да плаќа 77.000 евра неделно за неискористен талент, но Нојхаус сè уште се надева дека зборовите ќе се протолкуваат како обична шега.

Инаку, може да стане многу непријатно кога ќе почнат подготовките…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две големи засилувања во Ѓорче во еден: Потпишаа капитенот на Шкупи и поранешниот репрезентативец!

Македонија Ѓорче Петров, повратникот во Првата лига, денеска го претстави две – поранешнио…