Дома Фудбал Меси вечерва ќе бара одмазда против поранешниот клуб

Меси вечерва ќе бара одмазда против поранешниот клуб

Вечерва на програмата се две осминафинални натпревари од Светското клупско првенство, а на еден од нив против својот поранешен клуб ќе игра Лионел Меси.

Веќе знаеме еден четвртфинален пар. Натпреварот за пласман меѓу најдобрите четири екипи во светот ќе го играат Палмеирас и Челси на 5 јули од 3 часот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од 18 часот во Америка ќе биде интересно да се следи дуелот на Меси против неговиот поранешен клуб.

Меси, кој сега настапува за Интер Мајами, повторно ќе се сретне со ПСЖ во кој мина две години.

Тоа што треба да се истакне е дека за Мајами нема да играат Брајт и Фреј.

Освен нив двајцата, под знак прашалник за овој натпревар се Календер и Руиз за Интер. Ова нема да биде единствениот денешен осминафинален натпревар бидејќи од 22 часот ќе се сретнат Фламенго и Баерн.

Пред овој натпревар Баерн има големи проблеми бидејќи му недостасуваат неколку навистина важни играчи.

За баварскиот тим вечерва нема да играат Бухман, Дејвис, Дајер, Ито и Мин-Јае, како и Боеј.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Леброн Џејмс донесе одлука за неговата иднина!

Леброн Џејмс (40) ќе го задржи дресот на Лос Анџелес Лејкерс и во следната сезона, откако …