Дома Фудбал Наполи објави важен потпис

Наполи објави важен потпис

Наполи го објави продолжувањето на договорот со голманот Алекс Мерет. Новиот договор е валиден до летото 2027 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот Италијанец игра за клубот од 2018 година и се етаблира како прв избор за шампионите на Италија.

Во изминатата сезона, токму Мерет беше меѓу голманите од топ 5 првенствата, заедно со голманот на Рома Миле Свилар, кој најчесто не примаше гол – дури 16 пати.

Голманот досега има одиграно 212 натпревари за Наполитанците, со 73 зачувани „чисти мрежи“. Како дел од клубот, Мерет двапати стана шампион на Италија и еднаш ја освои Купот на Италија.

Тој е и голманот кој спасил најмногу пенали во Серија А во последните три сезони – пет, потврдува официјалната страница на Наполи. Мерет има 3 натпревари за националниот тим на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хакими жали за ремито со Бразил – смета дека испуштиле победа против фаворитот!

Капитенот на Мароко Ашраф Хакими изјави дека натпреварот против Бразил не беше лесен, но д…