Дома Фудбал Лоша вест за Реал Мадрид, Алаба има нова сериозна повреда

Лоша вест за Реал Мадрид, Алаба има нова сериозна повреда

Лоша вест го погоди Реал Мадрид пред осминафиналниот голем дуел со Јувентус во Светското клупско првенство, кој е на први јули. Станува збор за нова сериозна повреда на бранителот на “лос бланкос” Давид Алаба.

Официјалното соопштение на Реал гласи дека австрискиот играч е дијагностициран со мускулна повреда на стапалото на левата нога. Шпанските медиуми објавуваат дека повредата ќе го тргне од терените за околу еден месец.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ова значи дека Алаба нема да биде во плановите на Чаби Алонсо за Светското клупско првенство, за кое ни досега немаше одиграно ни минута. Досега 33-годишниот фудбалер се опоравуваше од претходната повреда – кинење на менискусот.

Во декември 2023 година, пак, Алаба ги скрши крстните врски, што го извади од терените за малку повеќе од година. Во овој момент изгледа дека фудбалерот ќе остане во САД, каде ќе биде под надзор на медицинскиот тим на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…