Дома Фудбал Спектакуларно: Погледнете како ќе изгледа новиот стадион на Валенсија од 322 милиони евра (Фото)

Спектакуларно: Погледнете како ќе изгледа новиот стадион на Валенсија од 322 милиони евра (Фото)

“Валенсија обезбеди финансии за изградба на еден од најголемите проекти во историјата на клубот”, информираат страниците на познатиот шпански клуб. На интернет страниците повторно се објавени визуализации за тоа како ќе изгледа новиот стадион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стадионот планирано е да биде отворен во 2027 година и ќе има капацитет од 70 илјади седишта, што го прави еден од најголемите стадиони во Европа. Клубот обезбеди средства за неговата изградба, а оваа инвестиција изнесува неверојатни 322 милиони евра. Естествено, стадионот ќе ги исполнува највисоките стандарди на УЕФА и во Валенсија се надеваат дека ќе бидат домаќини на некое од финалните натпревари на европските купови во блиска иднина.

На новиот стадион ќе се играат и натпреварите од Светското првенство во 2030 година, кое ќе го организираат Шпанија, Португалија и Мароко. Да потсетиме, изградбата на стадионот продолжи во јануари оваа година, поради претходни застои кои траеја дури 15 години поради големи финансиски проблеми во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто швајцарскиот селектор одеднаш ја смени маицата на почетокот на натпреварот?

Швајцарија со победата против Канада од 2:1 го обезбеди првото место во групата и пласмано…