
Изминатата ноќ во НБА лигата се одржа првата рунда на НБА Драфтот за 2025 година, каде клубовите ги селектираа новите таленти за најсилната кошаркарска лига во светот.
Како што се очекуваше, како прв избор на Драфтот беше избран извонредниот плејмејкер од универзитетот Дјук, Купер Флаг, кој беше селектиран од страна на Далас Маверикс.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Со ова, Мавси, по размената на Лука Дончиќ, добиваат повторно генерацискиот талент, а навивачите се надеваат дека овој пат нема да пропуштат да го искористат неговиот потенцијал, како што беше случајот со Словенецот, кој сега е дел од ЛА Лејкерс.

Флаг ќе заработува 15,6 милиони долари по сезона во НБА, интересно е што оваа сума е помала од онаа што ја добиваше на колеџот.
На колеџот, Флаг минатата сезона заработи неверојатни 28 милиони долари!
Вториот пик беше Дилан Харпер, избран од Сан Антонио, на третото место Филаделфија го избра Ви-Џеј Еџкомб, а потоа Шарлот Хорнетс го селектира Коун Кнеупел.
Петтиот пик беше Ејс Бејли, селектиран од Јута Џез, а во првите десет избори на Драфтот беа и Тре Џонсон (Вашингтон Визардс), Џеремаја Фиерс (Њу Орлеанс Пеликанс), Егор Демин (Бруклин Нетс), Колин Мари-Бојлс (Торонто Репторс) и Каман Малуац (Хјустон Рокетс).