Дома Фудбал Хаотични сцени во САД: Ќе се степаа фудбалерите на Интер и Ривер

Хаотични сцени во САД: Ќе се степаа фудбалерите на Интер и Ривер

Фудбалерите на Интер вчера го победија Ривер Плата со 2:0 во третото коло на Светското клупско првенство и се пласираа во нокаут фазата, додека аргентинскиот тим го заврши своето учество.

Головите за победа на Нераѕурите ги постигнаа Еспосито во 72. минута и Бастони во 93. минута, а Ривер играше со двајца играчи помалку по црвените картони на Мартинес Куарта и Монтиел.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Целиот натпревар беше преполн со напнати моменти и остри дуели на теренот, а кулминацијата стигна во завршницата на мечот.

Пресметката почна непосредно пред последниот судиски свиреж, а работите излегоа од контрола. Тогаш Маркус Акуња и Дензел Думфрис продолжија со конфликт, кој мноштво други фудбалери и членовите на стручните штабови се обидуваа да го раздвои, додека сите трчаа кон соблекувалната.

На влезот од соблекувалната, Думфрис беше пречекан од навивачите на Ривер со фрлање предмети, а не е познато што се случило понатаму во тунелот.

Поразот го остави Ривер на третото место во групата Е, со четири освоени бодови, со што е елиминиран од СП, додека Интер заедно со Монтереј, како второпласирани од групата, продолжуваат во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луди сцени во Ангола: Меси дочекан како божество (ВИДЕО)

Аргентина, актуелен светски шампион, ќе одигра во петок во 17 часот пријателски натпревар …