Дома Фудбал Судија приведен за време на фудбалски натпревар додека покажуваше жолт картон – причината е шокантна!

Судија приведен за време на фудбалски натпревар додека покажуваше жолт картон – причината е шокантна!

За време на фудбалски натпревар во Бразил, 38-годишниот судија Едерсон Карлос да Силва беше уапсен, додека се упатуваше кон еден играч за да му покажува жолт картон.

Оваа неверојатна сцена се случи во аматерското првенство во оваа јужноамериканска земја, и сите присутни беа изненадени кога полицијата влезе на теренот, му стави лисици на главниот судија и го одведе.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Како што е наведено, Едерсон Карлос имал турбулентен живот, бил вклучен во трговија со дрога, што го потврди и началникот на цивилната полиција во Гваружао – Глаукос Силва за бразилскиот портал G!.

Тој беше личност со многу активен социјален живот и долго време бил под набљудување – изјави началникот.

Полицијата успеала да го лоцира благодарение на неговото присуство на социјалните мрежи, што значително го олеснило следењето на неговото движење. Трговијата со дрога започнала во ноември 2024 година, кога камион со 450 килограми дрога бил запрен во Сао Пауло. Возачот и неговиот сопатник веќе биле уапсени, додека Едерсон Карлос да Силва бил осомничен за логистичка поддршка на организацијата.

– Користел некои куќи кои криминалната група ги изнајмувала за складирање на дрогата, која потоа била дистрибуирана – изјави раководителот на одделот за борба со наркотици, Едуардо Лима.

Интересно е што никој од полицајците не знаел дека Едерсон Карлос да Силва истовремено работи како фудбалски судија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комо ќе биде интересен за гледање: Фабрегас убеди ѕвезда да го предводи нападот

Цеск Фабрегас го одби Интер, а претходно и Милан и Рома и ја продолжува својата авантура. …