Дома Фудбал Роналдо и Ал Наср повторно менуваат тренер

Роналдо и Ал Наср повторно менуваат тренер

Кристиано Роналдо остана без тренер, откако Ал-Наср на своите социјални мрежи објави дека се раздели со Стефано Пиоли.

„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.

Поранешниот тренер на Милан, Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Верона, Сасуоло, Парма и други, седна на клупата на клубот од Саудиска Арабија во септември минатата година, но сепак не успеа да ги оствари клупските амбиции, да дојде барем до еден трофеј во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најбогатиот фудбалер вреден над 18 милијарди долари остана без клуб!

Фаиќ Болкијах моментално е без клуб откако му истече договорот со Ратчабури, еден од тимов…