Дома Фудбал Нејмар одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Нејмар одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Бразилскиот фудбалер Нејмар постигна договор со Сантос за новиот договор и се очекува дека ќе го потпише оваа недела, пренесуваат бразилските медиуми.

Претседателот на Сантос Марсело Тешеира треба утре да се сретне со таткото на Нејмар за да ги договорат сите услови на новиот договор. Сегашниот договор на Нејмар со Сантос истекува на 30 јуни.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тешеира претходно оваа недела веќе навести дека е можно клубот да го задржи Нејмар, и покрај шпекулациите дека е во преговори со неколку клубови од Европа. 

Новиот договор ќе вклучува бонуси засновани на учинокот, поврзани со број на одиграни натпревари и постигнати голови, а Сантос исто така ќе исплати 13 милиони евра долг преку рати до декември 2026 година. Се очекува Нејмар да се врати на тренинзи во петок.

Откако во јануари се врати во Сантос од Ал-Хилал, 33-годишниот Нејмар запиша три гола и три асистенции на 12 натпревари за овој бразилски тим.

Нејмар планира наредната година во Сантос да ја искористи за да биде во топ форма за Светското првенство во 2026 година, а новиот селектор на Бразил Карло Анчелоти веќе неколкупати изјави дека смета на овој играч за светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полициска акција: Приведени биле фудбалери и тренери на Кожуф и Башкими!

Утрово во Гевгелија беше спроведена полициска акција на повеќе локации, насочена кон откри…