Дома Фудбал Дарвин Нуњез го избра Наполи

Дарвин Нуњез го избра Наполи

Напаѓачот на Ливерпул Дарвин Нуњез е посакуван од Наполи, кој сака да го зајакне својот состав пред враќањето во Лигата на шампионите следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се очекува Уругваецот да го напушти Ливерпул ова лето, поради незадоволство од неговата изведба во текот на последната сезона.

Италијанските медиуми објавија дека Наполи е подготвен да плати околу 43 милиони евра, додека Ливерпул бара 50 милиони евра.

Уругваецот има понуди од европски клубови и од Саудиска Арабија, но тој веќе го избрал Наполи како следна дестинација.

Нуњез дојде во Ливерпул пред три години за сума од околу 85 милиони евра, ана 143 настапи за Ливерпул, тој постигна 40 гола и постави 26 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познатиот фудбалски агент ја понуди ѕвездата на ПСЖ на Реал Мадрид

Европската фудбалска јавност беше изненадена од информацијата дека познатиот агент Жорге М…