
Бразилскиот фудбалер Нејмар, еден од најпознатите фудбалери на денешницата, повторно го привлече вниманието на јавноста – но овој пат без да одигра ниту една минута на теренот во натпреварувачки натпревар.
На хуманитарен настан одржан во Бразил, Нејмар изведе потег кој насмеа многумина и предизвика бура реакции на социјалните мрежи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во една ревијална игра, Нејмар успеа да ја протне топката помеѓу нозете на локалниот инфлуенсер Гордао, предизвикувајќи неверојатна радост меѓу присутните. Видеото за кратко време стана вирално на интернет.
Гордао е популарна интерент личност во Бразил, познат по неговите духовити содржини и борбата со вишокот килограми – порано тежел дури 356 килограми, но со напорноста сега има околу280 кг. Сепак, против мајсторијата на Нејмар, килограмите не можеа да помогнат.
Neymar está nesse momento jogando contra o gordão da XJ
— REAL MIL GRAU (@realmilgrauu) June 17, 2025
NUNCA IMAGINEI ISSO JKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKpic.twitter.com/oV68WTFqbt
Настанот беше организиран со цел собирање средства за социјално загрозените, а благодарение на потегот на Нејмар и популарноста на видеото, според локалните медиуми, собрани се повеќе средства од очекуваното.