Дома Фудбал Винисиус е одличен дриблер, но сега се посрамоти – сите му фаќаат сеир! (Видео)

Винисиус е одличен дриблер, но сега се посрамоти – сите му фаќаат сеир! (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера остварија прва победа под водство на тренерот Чаби Алонсо, откако во второто коло на Светското клупско првенство со резултат 3:1 ја совладаа Пачука.

Реал освои значајни три бода што ги доближува до нокаут фазата на натпреварувањето, а по натпреварот на социјалните мрежи се коментира и едно видео во кое во главна улога е Винисиус Жуниор.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Станува збор за дриблингот на Бразилецот со кој се обиде на атрактивен начин да го измами противникот префрлајќи ја топката со пета преку него („Rainbow Flick“), но сè тргна наопаку.

Навистина, ситуацијата дополнително се влоши кога Винисиус се судри со соперникот и заврши на подот, поради што сега е предмет на подбивање од страна на навивачите.

Да потсетиме, Реал вчера победи со голови на Џуд Белингем, Арда Гулер и Федерико Валверде, додека единствениот гол за Пачука го постигна Елијас Монтиел.

По две одиграни кола, Реал е лидер во групата Х со четири бода, исто како и второпласираниот РБ Салцбург, додека Ал-Хилал има два бода на третото место, а Пачука е последна без освоени точки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по голем…