Дома Фудбал Погба има нов клуб

Погба има нов клуб

Поранешниот играч на средината на теренот на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Пол Погба (32), ќе потпише договор со Монако. Погба се согласи усно на двегодишен договор со францускиот лигаш, откако одби атрактивна понуда од Саудиска Арабија. Во февруари 2024 година, Погба беше суспендиран за четири години поради позитивен тест на DHEA, забранета супстанца.

Сепак, неговата казна беше скратена на 18 месеци по жалбата пред Судот за спортска арбитража во октомври. Суспензијата заврши официјално во март оваа година. Во интервју за ESPN, Погба призна дека размислувал да ја прекине својата кариера по првичната четиригодишна казна. “Да, размислував за многу работи, имав многу работи на ум, дури и за тоа да престанам да играм”, изјави во октомври 2024 година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


“Си велев: ‘Што ќе правам сега?’ Ако се четири години, почнуваш да го пресметуваш. Четири години без играње, без тренинзи – кој би ме сакал во својот тим? Дали би бил спремен воопшто? Многу работи си претставуваш во главата. “Но, од друга страна, имав верба и останав позитивен. Знаев дека ништо не сум направил намерно, и среќа се потврди тоа, па ми ја намалија казната.”

Погба последен пат играше во септември 2023 година, кога за Јувентус играше 29 минути. Цел натпревар немаше одиграно од март 2022 година, кога настапуваше за Манчестер Јунајтед. Со Франција во 2018 година го освои Светското првенство во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фати заминува од Барселона и ќе игра заедно со Погба?

Ансу Фати, некогаш големиот “вундеркинд” на Барселона, овој летен период би мо…